Connect with us

Реал Мадрид ќе му плати 100 милиони евра бонус на Мбапе за потпис на договорот

Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе на лето речиси сигурно ќе направи трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид како слободен агент. Шпанските медиуми веќе открија и дел од деталите околу договорот на напаѓачот на Пари Сен Жермен со „кралскиот клуб“.


Французинот ќе потпише шестгодишен договор со мадридскиот клуб со плата од 32 милиони евра годишно, но Реал ќе му плати на напаѓачот и бонус од 100 милиони евра за потписот затоа што доаѓа како слободен агент.

Мбапе ќе поседува и 60 отсто од неговите имиџ права, наместо традиционалниот договор 50:50 меѓу клубот и играчот.

25-годишниот напаѓач настапува за Пари Сен Жермен од август 2017 година. Оваа сезона има 29 гола и седум асистенции на 28 натпревари во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови