Реал Мадрид го совлада Лас Палмас на „Сантијаго Бернабеу“ со 4-1 и се врати на врвот на табелата во Ла Лига. „Кралевите“ на најдобар начин ги искористија киксовите на Атлетико Мадрид и на Барселона.
Лас Палмас погоди уште на почетокот, во првата минута кога Фабио Силва ја затресе мрежата на Тибо Куртоа.
BRAHIM WHAT A GOAL pic.twitter.com/S3hOSWIW3g
— Dr Yash (@YashRMFC) January 19, 2025
Но, Реал брзо се врати во натпреварот. Килијан Мбапе израмни од пенал во 18.минута, по прекршокот над Родриго, а Брахим Дијаз се погрижи за пресврт во 33.минута.
KYLIAN MBAPPE UNREAL GOAL WOW HE IS TRULY BACK pic.twitter.com/Qu95mnzHiM
— WolfRMFC (@WolfRMFC) January 19, 2025
Само три минути подоцна Мбапе уште еднаш погоди за 3-1 по првиот дел.
Во второто полувреме Родриго постигна и четврти гол и ја осигура победата на Реал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













