
Реал Мадрид го доведе Килијан Мбапе, но претседателот Флорентино Перез веќе размислува за следниот преоден рок, во јуни 2025 година. Според шпанските медиуми, Флоријан Вирц е следната голема ѕвезда која ќе дојде во Мадрид во летото следната година, откако Реал ги договорил условите за соработка со него, иако тој сѐ уште има договор со Баер.
Прво, договорот го направија Флоријан Вирц и Баер Леверкузен. Германскиот репрезентативец кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, му вети на клубот дека ќе остане негов член и следната сезона. Тогаш Вирц и Реал почнаа преговори и сѐ е веќе договорено.
Реал Мадрид за Вирц ќе плати 150 милиони евра следното лето.
Минатата сезона Флоријан Вирц одигра 49 натпревари за тимот со постигнати 18 голови и 20 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal