
Манчестер Јунајтед ќе се соочи со Њукасл во 29. коло од Премиерлигата без најдобриот играч на тимот, Маркус Рашфорд. Тој не играше и за репрезентацијата на Англија во квалификациите за ЕВРО 2024 поради повреда.
Дербито од 29. коло од Премиерлигата е закажано за недела, на 2 април на „Сент Џејмс Парк“.
Двата клуба се борат за место во Топ 4 и пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Манчестер Јунајтед моментно е третопласиран со 50 бода, а Њукасл е петти со три бода помалку.
Рашфорд се повреди на натпреварот против Фулам (3-1) во четвртфиналето на ФА Купот.
Неговото отсуство на неделниот натпревар секако ќе биде голем хендикеп за Манчестер Јунајтед, бидејќи напаѓачот е во неверојатна форма. Досега одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, постигна 25 гола и забележа седум асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
