Маркус Рашфорд е еден од најредовните стартери на Манчестер Јунајтед и покрај тоа што игра повреден веќе две години, тврди „ЕСПН”. Напаѓачот страда од болка во стапалото и рамото. Како што се наведува, Англичанецот истегнал мускул на левото рамо во ноември минатата година, а овој март, се пожалил на болка во едното стапало.
Сепак, Рашфорд е решен да ја претставува Англија на Европското првенство ова лето. Како резултат на тоа, тој веќе некое време ја одложува операцијата на рамото, а таа ќе мора да се изврши веднаш по завршувањето на натпреварувањето. Се очекува да се реши и проблемот со стапалото до крајот на оваа сезона.
И покрај сето ова, 23-годишникот е четврти најинволвиран играч во составот на “црвените ѓаволи” оваа сезона, постигнувајќи вкупно 20 голови на 51 натпревар досега.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













