Тимот на Сампдорија загуби со 5-1 од Интер на „Џузепе Меаца”, а најзаслужни за ова беа двојниот стрелец Алексис Санчез, како и Роберто Галјардини, Лаутаро Мартинез и Андреа Пинамонти. Сепак, нешто друго што ќе остане запаметено – моментот пред самиот почеток на натпреварот кога фудбалерите на Сампдорија стоеја подредени од двете страни на тунелот за да му оддадат почит на новиот шампионот на Италија.
„Шпалирот“ многу почесто се гледа во Англија, но ретко во Италија. Подоцна, тренерот на гостите Клаудио Раниери, потврди дека идејата била негова, а познато е дека стратегот помина неколку години во Премиер – лигата.
„Им реков на Квалјарела и на момците дека би било добро да оддадат почит за овој успех, како што тоа го прават во Англија и тие веднаш се согласија. Ова е спорт. Верувам дека овие гестови го прават спортот тоа што е, особено за тим кој освои титула на четири кола пред крајот. Така и Челси му оддаде почит на Лестер откако ја освоивме титулата во Премиер – лигата”, изјави Раниери.
📸 | TRIBUTO@sampdoria 👏👏👏#InterSampdoria ⚫️🔵 #FORZAINTER https://t.co/hD1YUUaUsg pic.twitter.com/OGcx4UG69q
— Inter 🏆🇮🇹 (@Inter) May 8, 2021
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













