Connect with us

Рамос замина, Анчелоти го бара Шкриниар во одбраната на Реал

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се подготвува за ерата по заминувањето на Серхио Рамос. Долгогодишниот капитен не се договори со раководството, дефинитивно го напушта “Сантијаго Бернабеу” и е многу блиску до трансфер во ПСЖ. Новиот тренер Карло Анчелоти неговата замена ја пронајде во Интер.

Милан Шкриниар е желбата на Анчелоти за поцврста одбрана на Реал Мадрид. Тој е достапен за сума од 60 милиони евра и италијанскиот стратег побара од Флорентино Перез да се обиде да го доведе во Мадрид.

Втора опција за “кралевите” е Жул Кунде, дефанзивецот на Севилја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови