Connect with us

Рамос го напушта Реал Мадрид по 16 години

Серхио Рамос ќе го напушти Реал Мадрид ова лето и ќе потпише за друг клуб како слободен агент, објави шпанска “Кадена СЕР”. Причината за неговото заминување е јасна, Шпанецот има финансиски многу подобра понуда од друго меесто иако не е прецизирано за кој клуб станува збор. Се претпоставува дека е Пари Сен Жермен.

Рамос постојано избегнува да коментира дали ќе потпише нов договор со “кралскиот клуб”, а и неговата последна изјава – „Имам право да донесам одлука каква што сакам” – не звучеше воопшто уверливо.

Централниот дефанзивец оствари 670 настапи за Реал Мадрид во текот на 16 години, постигнувајќи 101 гол и освојувајќи сè што можеше да се освои со „кралевите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови