Иван Ракитиќ денес ќе биде претставен како нов играч на Хајдук. Тој пред половина час пристигна во Сплит и се упати кон клубот каде ќе биде свечено претставен на конференцијата за медиуми чиј почеток е закажан за 19:30 часот. Претставувањето ќе се одржи во „Белиот салон“ на Хајдук.
Во својата кариера, Ракитиќ освои речиси сè што можеше. Тој беше еден од клучните играчи на Хрватска која на Светското првенство во 2018 година во Русија освои сребрен медал, како и важен играч на Барселона и Севиља. Освојувач на Лигата на шампионите со Барса, освојувач на УЕФА Суперкупот, двократен освојувач на Европската лига со Севилја, четири освоени Ла Лиги, четири Купа на Кралот, два шпански Суперкупа, освоено Светско клупско првенство, Куп на Швајцарија, Куп на Германија, сето тоа се врзува со името на новиот играч на Хајдук.
Еуфорија го тресе Сплит уште пред Ракитиќ да биде претставен. Се очекува на „Пољуд“ да пристигнат десетици илјади фанови на Хајдук да ја поздрават новата ѕвезда на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













