Connect with us

Рахим Стерлинг и Габриел Жесус во пакет се селат во Арсенал

Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг е тема на денот на Островот, бидејќи Арсенал е заинтересиран да го доведе една година пред истекот на неговиот договор на „Етихад“. Тој веќе не е незаменлив во редовите на „граѓаните“ и тоа е една од причините што не сака да го продолжи договорот со сегашниот клуб.


„Топчиите“ веќе извесно време се заинтересирани и за Габриел Жесус, кој исто така на лето влегува во последната година од договорот. Доколку тандемот од Манчестер Сити прејде на „Емирати“ тоа би била значителна промена за тимот на Микел Артета.

Покрај нападот, Арсенал сака да ја засили и одбраната, поточно позицијата лев бек, каде Нуно Тавареш моментно не е на завидно ниво. Прв пик на лондонскиот клуб е дефанзивецот на Болоња, Арон Хики, а отштетата за овој Шкотланѓанец се проценува на 20 милиони евра.

Следното име во бележникот на Микел Артета е Јури Тилеманс од Лестер, кој веќе извесно време е интересен за раководството на клубот од „Емирати“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови