
Минатата сезона Ал-Хилал беше подготвен да и понуди на Барселона 100 милиони евра за купување на напаѓачот Рафиња и плата од 15 милиони евра за самиот играч, тврди „Релево“. Иако во моментов нема конкретна понуда, саудиските клубови продолжуваат да покажуваат интерес за Рафиња.
Барселона планира да го задржи бразилскиот напаѓач во тимот и подготвува нов договор за него, кој ќе го направи еден од најдоброплатените играчи во клубот.
Сегашниот договорот на 28-годишниот крилен напаѓач е валиден до летото 2027 година. Претходно медиумите објавија дека раководството на Барселона е подготвено да го продолжи неговиот договор до 2030 година.
Во тековната сезона Рафиња одигра 40 натпревари, постигна 25 голови и забележа 18 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal