
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас продолжува со одличните настапи во дресот на Торино. Во натпреварот против Парма, одигран на „Енио Тардини“ во рамките на 28. коло од Серија А, Елмас го постигна својот трет гол за „биковите“ на четири натпревари.
Тој го отвори резултатот во 19. минута со прецизен удар во спротивниот агол, поставувајќи 0-1. Во 69. минута беше заменет, а натпреварот заврши со резултат 2-2.
Terzo gol di Elmas in quattro gare, tre reti in tre presenze da titolare.
— Guido Olivares🇮🇹 (@Guidolino8) March 8, 2025
Impatto devastante per Eljif nel mondo granata, contentissimo per lui
pic.twitter.com/tuSG8cXNjY
Од неговото пристигнување во Торино на позајмица од Лајпциг, Елмас веднаш се истакна. На своето деби против Болоња, влезе во игра во второто полувреме и по само неколку минути постигна фантастичен гол, иако неговиот тим загуби со 3-2.
Венеција во последните мигови извлече реми (1-1) на гостувањето кај Комо. Водеше екипата на Цеск Фабрегас со голот на Џонатан Иконе речиси цело второ полувреме, а во завршницата Гиткјаер реализира од белата точка за израмнување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Ливерпул е фаворит за потписот на Милош Керкез
