Милан ја прекина црната низа од три последовни порази и успеа со неверојатен пресврт да слави триумф (2-3) на гости кај Лече. „Росонерите“ повторно имаа слаб период, околу еден час од мечот, во кој Лече обезбеди предност од 2-0, но потоа возвратија на фантастичен начин.
Крстовиќ во седмата минута донесе водство за Лече, а потоа зголеми и на 2-0 во 59.минута. Се чинеше дека Милан ќе добие нов нокаут, но потоа тргна пресвртот.
Во 68.минута Антонино Гало постигна автогол, а потоа на сцена стапи Кристијан Пулишиќ. Американецот стрелаше двапати, во 73.минута од пенал, и во 81.минута и беше творец на триумфот.
По оваа победа, Милан се наоѓа на осмата позиција со 44 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













