Ливерпул направи уште еден голем чекор кон шампионската титула, откако со пресврт славеше над Саутемптон со 3-1 во 28. коло на Премиер лигата. Иако „црвените“ на Арне Слот имаа потешкотии во првото полувреме, каде што Вилијам Смолбоун го доведе Саутемптон во водство пред паузата, во вториот дел Ливерпул ја покажа својата доминација.
Дарвин Нуњез израмни во 52. минута, а Мохамед Салах со два гола, од кои еден од пенал, го комплетираше пресвртот. Со оваа победа, Ливерпул ја зголеми предноста на врвот на табелата на 16 бодови пред Арсенал, кој има два натпревари помалку.
Брајтон славеше со 2-1 над Фулам со пеналот на Жоао Педро во последните секунди од мечот, а Кристал Палас во финишот славеше со 1-0 против Ипсвич.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













