Стартуваше третиот круг од Првата фудбалска лига, а во 23. коло, Вардар во последните мигови освои бод (1-1) против Силекс во Кратово. Мечот почна со задоцнување од 30 минути поради тоа што гостите доцна пристигнаа на стадионот во Кратово, а стрелец на водечкиот гол беше Ади Алиќ во 12.минута. Се играше речиси до последниот свиреж без промени, Спахиу погоди статива, а Азер Омерагиќ постигна израмнувачки погодок во 95.минута.
Шкендија го пречека Пелистер во Тетово и стигна до минимален триумф од 1-0. Победничкиот гол беше дело на Бесарт Ибраими во 73.минута од дуелот.
Струга Трим Лум продолжи во позитивен ритам на домашен терен против Воска и славеше со 1-0. Се изнамачија стружани, но стигнаа до победа. Христијан Малески донесе триумф со голот во 88.минута.
Шкупи на Чаир се соочи со Беса и изненадувачки загибо со 2-3. Денковски имаше голема грешка, а Влатко Стојановски постигна гол од половина терен. Шефито донесе предност за гостите, а Лазаров си постигна автогол, за 0-2. Џелил Асани намали од пенал во 32.минута.
Сепак, Влатко Стојановски во 60.минута стапи на сцена и постигна спектакуларен гол, вториот погодок за Шкупи.
Гостивар беше домаќин на Брера и не успеа да стигне до трите бода (2-2). Огузан Ајдоган спаси бод за Гостивар, откако Брера имаше водство со головите на Андреј Велков и на Мартин Ѓоргиевски.
Колото ќе се заокружи утре со мечот меѓу Работнички и Тиквеш.
ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СИЛЕКС – ВАРДАР 1-1
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 1-0
СТРУГА ТЛ – ВОСКА 1-0
ШКУПИ – БЕСА 2-3
ГОСТИВАР – БРЕРА 2-2
УТРЕ: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













