Работнички продолжи со одличните игри од стартот на 2020 година, откако во четвртиот прволигашки меч „романтичарите“ ја забележаа третата победа, овојпат над Академија Пандев со 1-0. Тренерот Достаниќ успеа да го разбуди тимот од Дебар Маало, кој побегна од дното на табелата, но сега „шок-терапија“ им е неопходна на „пандевци“, кои не успеаја да се разбудат ниту по заминувањето на Тренчовски и доаѓањето на Таневски за нов тренер.
Денешниот натпревар мина во тактичко надмудрување на средината на теренот, а дождот што паѓање во Скопје дополнително им ја отежна задачата на фудбалерите на двата тима. Во првото полувреме не беше создадена ниту една стопроцентна шанса, Петковски се најде во добра ситуација во шеснаесетникот на Академија Пандев, но Јованов добро го изблокира неговиот удар.
Клучен момент се покажа 55. минута, во која Работнички го постигна голот за победа. Ерера нафрли од слободен удар од над 40 метри, одбраната на гостите не се снајде најдобро, Велоски се најде осамен на десетина метри од голот и со одмерен удар ја смести топката во мрежата. „Пандевци“ тргнаа во офанзива, се обидоа да израмнат, но најубавата можност ја пропушти Стојчевски, шутирајќи непрецизно по едно добро додавање од левата страна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













