Connect with us

Работнички е на врвот во кадетската лига

На едно коло пред крајот на првиот дел од сезоната во Кадетската лига, фудбалерите на Работнички имаат 38 бода, три повеќе во однос на директниот конкурент Вардар.

Зад водечкиот двоец е третиот градски ривал Македонија ЃП која по 14 одиграни рунди има 34 бода,

Меѓу петте најдобри се уште Пелистер кој е на четвртата позиција со 31 бод, два повеќе од АП Брера.

Лидерот, Работнички го совлада Тетекс со 6:0, а стрелци на головите беа Омер Идризи, Леон Ангелески, Јован Миленковски, Давид Лиотоски додека два пати прецизен беше Матеј Ѓерасов.

Вардар ја декласираше Струга Трим Лум со 10:0, троен стрелец беше Коста Бошковски, два гола беа дело на Стефан Јордановски, а противничкиот голман го совладаа уште Петар Блажевски, Андреј Цветановски, Влатко Кркачоски, Лука Георгиоски и  Админ Абдула.

Еден погодок беше доволен Македонија ЃП да ги освои трите бода. Натпреварот беше решен во 63. минута кога меѓу стрелците се запиша Лука Даниловски.

Пелистер исто така со 1:0 славеше во дуелот против Скопје додека АП Брера во соочувањето со Арсими триумфираше со 4:0.

Шкендија во Тетово забележа победа од 1:0 во мечот против Брегалница, Њу Старс како гостин го совлада Шкупи со 2:0, а единствено немаше победник на дуелот Тиквеш – Башкими каде двата тима постигнаа по три гола.

Првиот дел од сезоната завршува овој викенд. Работнички е гостин на Скопје, Вардар исто така му гостува на Арсини, Бреганица во Штип е домаќин на Македонија ЃП.

Струга ТЛ го пречекува Пелистер, а АП Брера гостува во Куманово каде ќе се соочи со Башкими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови