Македонскиот фудбалски интернационалец Љупчо Дориев е избран за најдобар странски играч во шампионатот на Узбекистан, каде што сезонава блесна во одлична форма и постигна 16 голови.
Дориев целосно се пронајде во дресот на Согдиана, за која оваа сезона настапи на 30 натпревари и остави навистина силен впечаток со своите игри.
Ова е негова трета сезона во Узбекистан, а претходно настапуваше за Шкендија и за Брера Струмица. Неговата одлична форма и голгетерскиот ефект се сериозна препорака и за идниот селектор на Македонија, кој сигурно ќе треба да размисли за евентуален повик на Љупчо Дориев во националниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













