Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази задоволство од играта на својот тим и покрај поразот со 1-3 од Барселона. Тој го опиша крилниот напаѓач на каталонците, Рафиња, како неверојатен фудбалер и призна дека му е нејасно како Бразилецот не ја освоил „Златната топка“.
„Многу сум задоволен од настапот на тимот. Го започнавме натпреварот добро, потоа тие успеаја да не пробијат низ центарот. Барселона го почна второто полувреме малку подобро, но по дваесет минути ја презедовме контролата врз играта. Имавме три одлични шанси кои не ги искористивме. Но сепак сум задоволен.
Знаеме дека играчите на Барселона се одлични во кратки и прецизни додавања. Многу се добри во тоа и така ги постигнаа првиот и вториот гол. На полувремето разговаравме да не им дозволуваме да играат низ центарот и се подобривме во тој сегмент. Ми се допадна однесувањето на тимот кон крајот. Да, не победивме, но играта ми се допадна. Мирен сум, загубивме од силен противник и тоа ќе ни помогне да се подобриме.
Кога играш против Барселона, мораш многу да трчаш и тешко е да ја вратиш топката.
Рафиња е неверојатен, игра насекаде. Постигнува голови, асистира, врши пресинг… Не ми е јасно како не ја освои „Златната топка“, изјави Чоло Симеоне.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













