
Пари Сен Жермен постигна нов историски успех, откако стана тимот со најдолга серија без пораз на гостински терен во првенствата од топ 5 лигите во Европа. Францускиот шампион стигна до неверојатни 39 последовни натпревари без пораз на гости во Лига 1, по ремито 1-1 на гостувањето кај Нант.
Со ова достигнување, ПСЖ го сруши рекордот на Милан, кој издржа цели 33 години. „Росонерите“ останаа непоразени на 38 гостувања во периодот од 1991 до 1993 година, под водство на легендарните тренери Ариго Саки и Фабио Капело.
„Денес е посебен ден. Срушивме неверојатен рекорд што му припаѓаше на Милан – клуб од светска класа“, изјави тренерот Луис Енрике по натпреварот. „Важно е да се споменат играчите од тоа време – ние сега сме на нивното ниво. Ова е рекорд за сите времиња во најсилните европски првенства.“
ПСЖ веќе ја обезбеди титулата во Франција и се стреми кон освоени четири трофеи оваа сезона. Освен првенството, парижаните ќе се соочат со Ремс во финалето на Купот на Франција, а во Лигата на шампионите ги очекува полуфинален дуел со Арсенал.
Нивната форма е импресивна – по 30 одиграни натпревари во Лига 1, тимот има 24 победи и шест ремија. Доколку избегне пораз во преостанатите четири кола, ПСЖ може да стане првиот тим во историјата на Лига 1 што ја завршил сезоната без пораз.
Следниот тест за парижаните е гостување кај Ница во петок, 25 април, а само четири дена подоцна – на 29 април – ќе се соочат со Арсенал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
ПСЖ урна 33 години стар рекорд на Милан
