Манчестер Јунајтед се откажа од Хари Кејн, а претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, изјави дека нема да потпише со друг напаѓач по Хоселу, но тоа не значи дека ѕвездата на Тотенхем ќе остане во клубот.
Според „Ле Паризиен“, Пари Сен Жермен се наметнува како фаворит за потписот на Кејн.
Парижаните комплетно ќе го реновираат составот и сакаат нападот да го предводи рекордниот стрелец за репрезентацијата на Англија.
За потписот на Кејн притиска лично претседателот на францускиот шампион, Насер Ал-Хелаифи. Преговорите со Тотенхем сигурно нема да бидат лесни, бидејќи клубот од северен Лондон ќе сака повеќе од 100 милиони евра за својата ѕвезда, иако неговиот договор истекува следното лето.
За неколку дена Луис Енрике треба да биде назначен за главен тренер на ПСЖ и процесот на селекција ќе започне со забрзано темпо. Шпанскиот стратег ја одобрува идејата за пристигнување на Хари Кејн. Понатаму, тој планира да ги задржи Марко Верати и Нејмар, за кои се шпекулира дека ќе го напуштат „Паркот на принцовите“.
Доколку не успеат да се изборат за потписот на Кејн, ПСЖ најверојатно ќе се насочи кон голгетерот на Лил, Џонатан Дејвид. Канадскиот интернационалец може да се купи за околу 60 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













