Connect with us

ПСЖ се вклучи во трката за Нико Вилијамс

Францускиот првак Пари Сен Жермен се вклучи во трката за шпанскиот репрезентативец и крилен напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, објави „Марка“.

Европскиот шампион со Шпанија е блиску до Барселона, но овој трансфер се одложува бидејќи Каталонците треба прво да гарантираат дека имаат финансиски можности да ја активираат откупната клаузула на фудбалерот, која изнесува 58 милиони евра. Ова им дава надеж на челниците на ПСЖ дека сепак може да ја добијат трката за 22-годишниот офанзивец.


Во клубот бараат соодветна замена за Килијан Мбапе. Францускиот шампион веќе се обиде да го привлече Ламин Јамал, но категорично беше одбиен од Барселона иако понуди фантастични 250 милиони евра.

Иста беше ситуацијата и со Квича Кварацкелија од Наполи. Последните денови, сепак, се појави друга опција за клубот од Париз, а тоа е Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови