Connect with us

ПСЖ сака да го врати Адриен Рабио

Пари Сен Жермен сака да го врати своето дете, францускиот репрезентативец Адриен Рабио, чиј договор со Јувентус истекува следното лето, пренесуваат медиумите во Италија.


Фудбалерот од средниот ред ја помина младинската академија на парижаните, влезе во првиот тим во 2013 година и во следните шест сезони го носеше дресот на „светците“. Следуваше преселба во Јувентус, но 27-годишниот фудбалер не се прослави во Торино.


Во неодамна завршениот преоден рок Рабиот беше посакуван од Манчестер Јунајтед, но играчот не се договори со „црвените ѓаволи“. Сега влегува во последните шест месеци од договорот со „бјанконерите“ и ќе може слободно да избере нова средина.


Јувентус не е подготвен да му понуди нов договор поради големите барања. Платата на Рабио е 7.500.000 евра годишно, која „бјанконерите“ повеќе нема да ја плаќаат, бидејќи не го добија тоа што го сакаа од Французинот.


Од друга страна, ПСЖ со „раширени раце“ го чека своето дете и се чини дека враќањето е повеќе од реално.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови