
Луис Енрике и раководството на Пари Сен Жермен наводно донеле радикална одлука, дури 11 фудбалери ќе го напуштат клубот по срамниот пораз од 3-0 во финалето на Светското клупско првенство против Челси.
Во тој натпревар, Челси доминираше благодарение на два гола на Кол Палмер и еден на Жоао Педро, обезбедувајќи му на тренерот Енцо Мареска втор трофеј оваа сезона, по веќе освоената Конференциска лига.
Иако ПСЖ ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, завршницата беше горчлива, па францускиот клуб реши да направи темелна реконструкција на тимот.
Според „Ле Паризиен“, Луис Енрике се откажал од следниве фудбалери: Милан Шкриниар, Норди Мукиеле, Карлос Солер, Марко Асенсио, Рандал Коло Муани. Сите тие минатата сезона беа испратени на позајмици и ниту еден не успеал да се наметне доволно за да остане во тимот.
Дополнително, на следниве фудбалери им е кажано дека можат да си бараат нов клуб: Габриел Москардо, Лукас Ернандес, Лукас Бералдо, Канг-ин Ли, Гонсало Рамош.
На листата на потенцијални заминувања е и голманот Џанлуиџи Донарума, чиј договор истекува на крајот на следната сезона, а засега нема индиции дека ќе биде продолжен. ПСЖ размислува дали да го продаде ова лето или да го пушти како слободен агент во 2026 година. За неговиот потпис веќе покажале интерес Челси, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
