Connect with us

ПСЖ падна на „Велодром“ (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј оствари голема победа над актуелниот шампион Пари Сен Жермен, славејќи со 1-0 на „Велодром“. Единствениот гол на натпреварот го постигна Најеф Агерд уште во петтата минута.

Иако вечерва беше прогласен за добитник на наградата „Јохан Кројф“ за најдобар тренер во светот поради успехот со ПСЖ во Лигата на шампионите минатата сезона, Луис Енрике мораше да го прифати и поразот во дербито.

„Светците“ настапија ослабени, бидејќи неколку клучни фудбалери беа надвор од строј поради повреди – Осман Дембеле, Дезире Дуе и Жоао Невеш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови