Пари Сен Жермен и оваа сезона не успеа да ја оствари целта и да ја освои Лигата на шампионите. Патот го заврши веќе во осминафиналето откако дожиеа елиминација од Реал Мадрид. По триумфот од 1-0 во Париз, „светците“ загубија со 3-1 на „Сантијаго Бернабеу“. Сите три гола за „кралевите“ беа дело на Карим Бензема.
По овој дебакл, размислувањата се дека ќе има „чистка“ во Париз ова лето. Најверојатно ќе замине тренерот Маурисио Покетино, а со него и дузина фудбалери.
Француските медиуми најавуваат и сензационален развој на настаните, дека ПСЖ сака се ослободи и од Нејмар. Бразилецот беше повреден, а кога се врати во тимот се чини дека работите не одат според очекувањата. Според информациите, ПСЖ за Нејмар ќе бара 100 милиони евра.
Многу веројатно е и дека Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен агент, па од фамозното трио би можел да остане само Лионел Меси, кој има уште една година од договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













