Европскиот првак Пари Сен Жермен сериозно се засилува за новата сезона. Според најновите информации, клубот е на чекор до ангажман на двајца нови играчи, голманот Лукас Шевалие и стоперот Илија Забарњи.
Веќе беше најавено дека Луис Енрике ја загубил довербата во Џанлуиџи Донарума, кој е незадоволен од статусот, па „светците“ решија да му донесат конкуренција во Шевалие – еден од најперспективните голмани во Франција. Трансферот ќе го чини ПСЖ нешто повеќе од 40 милиони евра.
Но тоа не е сè, од редовите на Борнмут се очекува да пристигне и украинскиот репрезентативец Забарњи. Луис Енрике проценил дека Бералдо не е сигурна опција за центарот на одбраната и сака нова алтернатива покрај Маркињос и Пачо. ПСЖ ќе мора да плати 68 милиони евра за да го доведе Забарњи.
Овој трансфер значи дека Борнмут ќе остане и без вториот стандарден стопер, откако Дин Хујсен претходно замина во Реал Мадрид.
Јасно е дека ПСЖ повторно ќе биде конкурентен на сите фронтови – Луис Енрике го задржа костурот на тимот, конкуренцијата е силна на секоја позиција, и тимот изгледа подготвен за нова борба за сите трофеи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













