
Мохамед Салах доби понуди од два големи европски ривали на Ливерпул, откако стана јасно дека тој ќе го напушти „Енфилд Роуд“ како слободен играч на крајот од сезоната.
Легендата на „црвените“ објави бомба по победата од 0-3 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, велејќи дека ја игра последната сезона во дресот на Ливерпул.
Салах е во Ливерпул од 2017 година и во тој период ја освои Премиер – лигата, Лигата на шампионите и голем број други трофеи, забележувајќи 352 настапи и 214 голови.
Неговиот договор истекува на крајот на јуни 2025 година, а неодамнешните коментари на Египќанецот предизвикаа многу шпекулации за неговата иднина, при што многумина очекуваат напаѓачот да се пресели во Саудиска Арабија.
Сепак, ПСЖ и Јувентус се заинтересирани за 32-годишниот фудбалер и ќе се обидат да го убедат да остане во Европа.
Францускиот првак, наводно, сака да ја засили веќе силната офанзивна линија составена од Осман Дембеле, Марко Асенсио и Бредли Баркола.
Во меѓувреме, Јувентус, кој го започна процесот на ренесанса, сака да го вметне искуството на Салах од постигнување голови и настап на големата сцена во својот тим.
Според некои информации, Салах е се поблиску до потпис за ПСЖ бидејќи сака да се испроба во нов шампионат, откако претходно играше во Серија А за Фиорентина и за Рома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
