Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ го совлада Ле Авр со 3-0 и се искачи на врвот на табелата, со два бода предност пред Марсеј и Ленс.
Гостите успеваа да се држат до 29. минута, кога Канг-Ин Ли по одлична асистенција од Нуно Мендеш го отвори резултатот за ПСЖ, за водство од 1-0.
ПСЖ продолжи да напаѓа и ја удвои предноста во 65. минута. По два обиди на Баркола кои ги одбрани голманот на Ле Авр, топката стигна до Жоао Невеш, кој меѓу двајца противници ја прати во левиот агол за 2-0.
Пет минути подоцна, Сумаре имаше одлична прилика, но ударот заврши во стативата.
Пред крајот, Кварацкелија асистираше до Бредли Баркола, кој ја искористи шансата и го постигна третиот гол, за конечни 3-0 за ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













