Connect with us

ПСЖ го извести Донарума дека доаѓа Лукас Шевалие

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, бил информиран од раководството на клубот за претстојниот трансфер на голманот на Лил, Лукас Шевалие, јавува „RMC Sport“.

Донарума добил известување за планираниот ангажман на Шевалие оваа недела. Италијанскиот репрезентативец сега има две опции: да го напушти клубот летово или да остане, што би можело да предизвика тензии во новата сезона.

Донарума има договор со ПСЖ до летото 2026 година, но досегашните преговори за продолжување не донеле никаков напредок. Доколку не потпише нов договор и не биде продаден, најверојатно ќе биде тргнат на страна и нема да брани до истекот на актуелниот договор со европскиот клупски шампион.

ПСЖ веќе постигнал договор за личните услови со Шевалие, а се очекува парижани да платат околу 40 милиони евра за неговиот трансфер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови