Connect with us

ПСЖ го „избриша“ Мбапе и од официјалниот сајт

ПСЖ ја отстрани фотографијата на Килијан Мбапе од насловната страница на официјалниот сајт на клубот. Кога ја отвораат страницата на тимот, корисниците гледаат постер со слики од Нејмар, Марко Верати, Маркињос, Лукас Хернандез и Ли Канг-Инг, но не и Килијан Мбапе.


Парижани на овој начин продолжуваат да ја минимизираат улогата на Килијан Мбапе, веќе третирајќи го како поранешен играч на тимот.

Претходно ПСЖ не го вклучи францускиот интернационалец во тимот за турнејата низ Јапонија и го објави на продажба. Причината е што напаѓачот одбива да го продолжи договорот кој истекува следното лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови