Connect with us

Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов го дочека моментот за својот прв гол во дресот на Левски Софија.

На гостувањето кај Хебар во Пазарџик, „сините“ од главниот град славеа убедливо со 0-3 и обезбедија место во следната рунда од Купот на Бугарија. Серафимов го отвори резултатот уште во третата минута, откако по изведен корнер највисоко скокна и со прецизен удар ја затресе мрежата на домаќините.

Македонецот ги одигра сите 90 минути и помогна неговиот тим да ја сочува мрежата недопрена.

Откако пристигна во Левски летово, Серафимов ретко добиваше шанса за настап. Ова беше само негов втор официјален натпревар за клубот, по премиерниот настап на 30 септември против Ботев Пловдив во шампионатот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови