
Во „Куќа на фудбалот“ денеска се одржа работилница во чии рамки беше промовирана новата програма за развој на училишниот фудбал во целата држава.
Триесетина регионални координатори, директно вклучени како претставници на Федерацијата за училишен спорт,беа присутни на презентацијата на новата програма.
Проектот за училишен фудбал предвидува активно вклучување на 76 основни училишта од цела Македонија, со учество на близу 5000 деца од второ до петто одделение, меѓу нив најмалку 1000 се девојчиња.
На презентацијата свое излагање имаше техничкиот директор на млади национални селекции во ФФМ, Зоран Стратев, кој ја нагласи важноста на училишниот фудбал како основа за идна директна вклученост на младите во фудбалот, но и личен развој.
„Навистина ни е драго што по речиси двегодишна пауза поради пандемијата повторно се враќа фудбалот во училиштата. Овој проект претставува многу важен сегмент за развој и откривање на нови млади фудбалери. Школскиот фудбал претставува основа за вклучување на децата во фудбалот воопшто. Корист од ваков тип на проекти можат да имаат и клубовите. Преку проектот и се разбира натпреварите кои ќе се одигруваат клубовитеимаат можност да селектираат идни потенцијални фудбалери во нивните генерации. Ова е начин да се обидеме да им ги наметнеме на децата вистинските спортски, но и животни вредности. Живееме во време на модерна технологија, секако дека не можеме целосно, но барем да го скратиме времето кое децата го минуваат пред комјутерите и со телефоните.“
Програмата ја презентираше Бојан Маркоски, одговорен за грасрут активности во федерацијата, а генералниот секретар на ФУСМ ги сподели организациските аспекти на програмата, која ќе се реализира од март до мај.
Претседателот на Комисијата на базичен фудбал на ФФМ, Марјан Стојкоски, донираше повеќе од 450 фудбалски топки за училиштата вклучени во проектот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Женски фудбал
Фудбалерките поразени од Косово

Евро-фудбал
Халанд сака да си замине од Манчестер Сити?

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде новиот селектор на Бразил?

Евро-фудбал
Лацио ја „докусури“ Аталанта (ВИДЕО)
