Со натпреварот на лидерот Вардар против Македонија ЃП денеска од 14 часот на националната арена „Тодор Проевски“ стартува пролетниот дел од македонскиот фудбалски шампионат.
„Резултатите од подготвителните натпревар за нас не се премногу важни, но неопходно беше да се темпира формата и подготвки екипата за вистинските предизвици – а тоа е битката за титула во домашното првенство“ – истакна за време на зимските подготовки шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски.
А, „црвено-црните“ денеска ќе ја бркаат првата победа против „лавовите“ сезонава. На првиот натпревар загубија од Македонија ЃП со 0-2, а вториот меѓусебен меч заврши без победник (1-1).
„На Вардар му ја препуштаме фаворитската улога, но ние на овој како и на секој натпревар ќе одиме на победа. Само максимална борба и концентрација ќе ни донесе позитивен резултат“ – порачува од другата страна, голманот на Македонија ЃП, Марко Јовановски.
Вардар пролетниот дел од шампионатот го почнува од првото место, со осум бодови предност пред второпласираната Шкендија.
ПМФЛ – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ (14 ч.)
Скопје: ШКУПИ – БОРЕЦ
Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ
Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (13 ч.)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













