Вечерва Париз е домаќин на церемонијата за прогласување на најдобриот фудбалер во светот. „Франс Фудбал“ ќе ја додели „Златната топка“, а изгледа дека победникот веќе е познат – тоа е Ламин Јамал.
Иако годинешниот добитник на „Златната топка“, наградата за најдобар фудбалер во светот за изминатата сезона, сè уште и самиот не знае дека ќе го добие престижното признание, на социјалните мрежи се појави список кој наводно го открива победникот за сезоната 2024/2025.
Според тој список, Ламин Јамал треба да биде победникот, кој зад себе го оставил Осман Дембеле за само пет поени.
На листата што кружи на социјалните мрежи, 18-годишната ѕвезда на Барселона има 805 поени, пет повеќе од Дембеле, а зад нив се најдоа уште Витиња, Рафиња, Мохамед Салах…

Овој список се појави откако главниот и одговорен уредник на „Франс Фудбал“, Винсен Гарсија, јавно изјави дека само тој го знае победникот на „Златната топка“.
„Јас сум единствениот кој знае кој е освојувачот на „Златната топка“. Критериумите за доделување на наградата се: индивидуални настапи, клучни и врвни партии, освоени трофеи, фер-плеј и однесување на и надвор од теренот“, рече Гарсија.
Пред објавата на списокот на социјалните мрежи, Осман Дембеле важеше за фаворит за наградата. За тоа пишуваа и шпанските медиуми, но дел од нив се премислија.
„Верувам дека Ламин Јамал е освојувачот на Златната топка“, наведе Еду Агире.
Сепак, од Париз пристигна и поинаков одговор. Ромен Коле Годен тврди спротивно од шпанските новинари.
„Осман Дембеле е освојувач на Златната топка за 2025 година“.
Во чии раце ќе заврши престижното признание ќе дознаеме вечерва. Церемонијата се одржува во Париз, но таму нема да присуствува ниту еден играч на францускиот првак. Дербито меѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ е презакажано за вечерва, откако синоќа имаше најава за невреме.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













