Македонија ЃП триумфираше со 0-1 на пријателскиот натпревар против Брегалница кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.
„Лавовите“ до победата дојдоа со голот на Филип Петров во второто полувреме, во меч во кој двете екипи имаа свои шанси а шефовите на стручните штабови им дадоа шанса и на фудбалерите кои се со помала минутажа на првенствените натпревари сезонава.
Струга Трим Лум, пак, загуби со 1-2 од албанскиот прволигаш Партизани Тирана на тестот во Струга. Гостите до победата дојдоа со головите на Ланај во 24. минута и Барди во 35. минута.
Новиот второлигаш Велешта славеше на тестот против Охрид со 0-1. Тимот од Велешта победи со гол од пенал, откако претходно и охриѓани преку Шериф Реџепи не реализираа удар од белата точка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













