Претставници на Фудбалската федерација на Македонија се наоѓаат во работна посета на Палермо, градот домаќин на бараж натпреварот меѓу Италија и Македонија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.
Нашата најдобра репрезентација на 24. март гостува на стадионот „Ренцо Барбера” во Палермо за мечот против европскиот првак, Италија.
Претставници од администрацијата на ФФМ, посетата на Палермо ја користат за увид на условите на стадионот, детално се запознаваат со условите на теренот и надвор од него, како и градот домаќин на еден од бараж дуелите за место на миндијалот во Катар.
Исто така, со претставници на италијанската федерација се разговара и за распределбата на билети за мечот на 24. март во согласност со правилата на УЕФА, како и за мерките кои важат за влез во Италија поради Ковид-19 ограничувањата.
„Намерата на нашата федерација е во најбрзо можно време да добиеме официјална информација за добивање билети за мечот, а потоа да ја споделиме со заинтересираните наши поддржувачи за следење на натпреварот во Палермо. Исто така, постојано ги следиме промените во ограничувањата за влез во Италија поради епидемиолошката состојба“, велат од ФФМ.
Претставници на ФФМ во следниот период ќе бидат во официјална посета и на Порто во Португалија и градот Коња во Турција, како едни од можните домаќини на финалниот меч за пласман на Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













