
Сенегал пред три дена го освои Африканскиот куп на нации во Камерун по подобро изведување пенали. Тоа е прва титула за Сенегал во историјата, а претседателот на државата ги награди за овој огромен успех.
По големиот успех, играчите и стручниот штаб добија необични награди.
Покрај паричната награда, на играчите и на стручниот штаб и претседателот на Сенегал, Меки Сал, им додели и земјиште.
„Секој играч и член на стручниот штаб ќе добијат по 50 милиони франци (околу 76.000 евра), парцела од 200 метри квадратни во Дакар и парцела од 500 метри квадратни во Диамнијади, нов град во изградба на околу 30 километри од главниот град, објави кабинетот на Претседателот на Сенегал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
