Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем покажуваат интерес за ѕвездата на Борнмут, Антоан Семењо, и го следат неговиот статус пред јануарскиот трансферен рок, јавува „Скај Спортс”.
„Црвените“ одамна се поврзуваат со интернационалецот од Гана, кој според британските медиуми е разгледуван како потенцијална замена за Мохамед Салах.
Семењо потпиша нов договор со Борнмут летово, кој го обврзува до 2030 година, што дава право на клубот да бара висока отштета. Се шпекулира дека сумата би изнесувала околу 75 милиони фунти.
Од почетокот на сезоната тој се покажува во одлична форма, постигнувајќи шест гола во Премиер – лигата, и само Ерлинг Халанд (11) и Игор Тијаго (8) имаат повеќе.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













