
Галатасарај ја губи битката со Бешикташ и со Фенербахче за шампионската титула во Турција, а претседателот на клубот, Мустафа Ченгиз, ги обвини фудбалерите дека повеќе мислат на секс забави отколку на игрите на фудбалскиот терен. Холандскиот интернационалец Рајан Донк е обвинет како главен организатор на ноќни забави на тимот.
„Навечер имаат секс забави, а наутро не можат ниту да тренираат. Затоа Галатасарај ја губи битката за титулата. Завршивме со секс – забавите на Рајан Донк“, изјави претседателот на Галатасарај.
Фудбалерот за врска речиси сигурно ќе мора да си замине на крајот од сезоната, како и голем дел од неговите истомисленици кои многу повеќе внимание посветувале на забавата и сексот, отколку на фудбалот.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski