
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ на покана од УЕФА и Фудбалската федерација на Турција, присуствуваше на свеченото отворање на новата регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул.
Настанот се одржа во присуство на бројни високи претставници од светот на фудбалот, вклучувајќи ги и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Свеченоста беше одбележана со присуство на речиси сите претседатели на фудбалските сојузи од регионот, што сведочи за значењето на овој стратешки проект за понатамошен развој и унапредување на фудбалската соработка во Југоисточна Европа.
ФФМ ја поздравува оваа иницијатива на УЕФА и изразува подготвеност за активна соработка со новата канцеларија во насока на реализација на заеднички проекти и унапредување на фудбалот во регионот.

“Преку оваа нова канцеларија, УЕФА ќе ја зајакне својата координација со земјите од регионот, а интеграцијата на европскиот фудбал ќе се продлабочи уште повеќе. Турција, држава со современи стадиони и инфраструктура, ќе биде домаќин на три големи настани на УЕФА во краток временски период, вклучувајќи ја и организацијата на ЕУРО 2032, а тоа е потврда за развојот и нивната посветеност во работата. Сакам да му изразам благодарност на претседателот на Турската фудбалска Федерација и на УЕФА за нивната соработка, поддршка и доверба“, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
“Турција продолжува да покажува уште поголема амбиција и посветеност да се докаже како еден од светските лидери во организирањето глобални спортски настани. Со сè поголем број значајни турнири што се приближуваат, решивме да отвориме канцеларија во Истанбул за да имаме силно локално присуство и да обезбедиме безпрекорно одржување на престижните натпревари”, истакна претседателот на УЕФА, Александар Чњферин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal