Поранешниот претседател на турскиот фудбалски клуб Анкарагучу, Фарук Коџа (60), е осуден на три години и седум месеци затворска казна поради физички напад врз судијата Халил Умут Мелер по натпреварот помеѓу Анкарагучу и Ризеспор во декември минатата година. Освен тоа, Коџа доби и доживотна забрана за вршење било какви активности поврзани со фудбалот.
Инцидентот се случил по завршувањето на натпреварот, кога Коџа го удрил судијата со тупаница во глава. Покрај него, и група навивачи се вклучила во нападот и го удирала судијата додека лежел на подот. Овој инцидент доведе до прекин на турското првенство на две недели.
По неколку дена, Коџа поднесе оставка на претседателската функција во Анкарагучу и изрази жалење за својот чин, но истовремено негираше дека му се заканувал со смрт на судијата Мелер, како што беше дел од обвинението.
„Ова беше прв пат да влезам во физички конфликт. Не сум му се заканувал на судијата со смрт“, изјави Коџа.
Покрај забраната за фудбалски активности на екс-претседателот, клубот Анкарагучу е казнет со два милиони турски лири (околу 53.000 евра) и со играње на пет натпревари без публика. Коџа, исто така, е исклучен од водечката политичка партија на претседателот Ердоган, каде што во два мандати бил пратеник во турскиот парламент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













