Во Букурешт загубивме 2-1. Тогаш Јармоленко и Зинченко беа премиерлигашки ѕвезди, а Елиф Елмас беше момче кое надоаѓа во европскиот фудбал.
Сега работите се променија. Дијамантот се избруси во Италија, освои шампионска титула и стана „ѕвер“. Јасно е дека тој треба да ја носи на свои плеќи Македонија, откако Бате Горан се пензионира, токму на Европското првенство.
Ќе добие вечерва Елмас улога што му одговара, на левата крилна позиција, за да може да продре кон внатре и да биде директна опасност по голот на Украинците.
Искусниот Нестор треба да биде во шпицот, а ќе го има некогашниот партнер Алекс Трајковски од другата, десна страна. Како тој умее да погоди – добро знаат Италијанците. Инфаркт ги стегна среде Палермо.

По подолго време, и воинот Аријан Адеми ќе биде во тимот, можеби и кога е најпотребно, за големата битка во средниот ред против Украина. Таму ќе се крши мечот, а Адеми секако ќе има голема помош во Барди, Алиоски, Атанасов, Стефан Ристовски. Има Македонија адути од кои сигурно стравува и Сергеј Ребров, иако пред три дена неговиот тим играше против силната Германија во Бремен.
„Ако сакаме да одиме напред, треба да размислуваме за победа. Нема да биде лесно, но ништо не е лесно во европскиот фудбал. Веруваме во нашите квалитети и се надеваме дека со поддршка од публиката ќе стигнеме до посакуван резултат“, најави капитенот Стефан Ристовски.
Вечерва на арената „Тодор Проески“, Македонија го игра вториот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. Нека биде победнички – како и на стартот против Малта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













