Connect with us

Познати се сите осминафиналисти, в понеделник е ждребот: ПСЖ и Интер ги „напаѓаат“ носителите

Вечерва е „спуштена завесата“ на групната фаза од Лигата на шампионите, познати се сите 16 учесници од осминафиналето и ги чекаме најдобрите од ова натпреварување кое започнува во февруари.


В понеделник нѐ очекува ждрепката за осминафиналето, која може да биде многу интересна.
Во првиот шешир ќе има осум носители на групите: Баерн, Арсенал, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити и Барселона.

Во вториот шешир ќе бидат второпласираните од сите групи: Копенхаген, ПСВ, Наполи, Интер, Лацио, ПСЖ, Лајпциг и Порто.

Во осминафиналето не можат да се сретнат екипи од иста земја, како и оние кои беа во иста група, а веќе на прв поглед е јасно дека најверојатно ќе имаме две супер-дерби пресметки, бидејќи Интер и ПСЖ ќе се соочат со силни ривали од првиот шешир.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови