Фудбалската репрезентацијата на Португалија, која за прв ривал во плејофот за СП ќе ја има селекцијата на Турција, се соочува со многу проблеми со повреди на дел од најдобрите фудбалери. Во последните неколку дена, Португалците доживеаја серија шокови бидејќи загубија неколку квалитетни играчи.
Прво се повреди одличниот стопер на Манчестер Сити, Рубен Дијаш, кој нема да може да игра шест седмици, а потоа и Рубен Семедо кој требаше да игра во одбраната.
Најголемиот шок дојде викендов кога се повреди Кристијано Роналдо кој го пропушти дербито на Манчестер Сити и отпатува во својата земја бидејќи верува дека топлото време ќе му помогне побрзо да заздрави. Тој ќе биде детални лекарски прегледи и кај докторскиот тим на португалската репрезентација.
На дуелот против Турција, селекторот Фернандо Сантош ќе ги нема на располагање и суспендираните Жоао Кансело и Ренато Санчез, а тоа значи дека Португалците би можеле да останат без петмина стартери.
Доколку ја победи Турција, Португалија во финалето од плејофот ќе биде домаќин на подобриот од дуелот меѓу Италија и Македонија. Натпреварите ќе се играат на 24 и 29 мај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













