
Пред речиси две децении, УЕФА започна со систем за лиценцирање на клубовите за да можат да учествуваат во натпреварувањата на УЕФА, но системот се разви во нешто многу повеќе, а денес е составен дел од обврските и плановите за работа на бројни асоцијации и клубови ширум Европа.
Фудбалската федерација на Македонија и оваа година доби потврда, т.е. сертификат за услогласеност и работа на лиценцната администрација со важност до август 2023 година.
Системот за лиценцирање е создаден како збир на критериуми што клубовите мора да ги исполнат за да можат да учествуваат во натпреварите на УЕФА. Лиценцирањето на клубовите е вклучено во програмата и стратегијата на секоја федерација, како и на клубовите, и е една од клучните точки во работата и планирањето не само на развојот и напредокот на одреден клуб, туку и на неговото деловно функционирање.
Фудбалската федерација на Македонија го спроведува системот за лиценцирање клубови и има посебен систем за лиценцирање за домашните првенства.
„Лиценцирањето на клубовите во Македонија се смета за најдобра алатка за постигнување високи стандарди во фудбалот. Системот е широко прифатен со голема доверба во него и е охрабрен од клубовите, носителите на одлуки, јавноста, навивачите и другите учесници. Одделот за лиценцирање, како и досега, секогаш ќе биде на располагање за сите прашања и совети, но секако клубовите се тие кои треба да направат добар дел од работата во овој процес. Драго ми е што напредокот е видлив од година в година во однос на исполнувањето на критериумите, документацијата и комуникацијата, а повратните информации ни кажуваат дека процесот на лиценцирање навистина помага во развојот на сите фудбалски и деловни процеси“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
