
Селекциите на Франција и Полска ќе се соочат во третиот меч од осминафиналната рунда на СП во Катар. Натпреварот се игра на стадионот „Ал Тумама“ од 16 часот.
Актуелниот светски шампион Франција продолжува да ја следи својата голема цел да ја одбрани титулата од пред четири години. „Петлите“ убедливо го започнаа турнирот со победа од 4-1 над Австралија. Следуваше уште една победа, но дојде потешко – за 2-1 против Данска. Така Французите станаа првиот осминафиналист на Светското првенство во Катар.
Ова му овозможи на Дидие Дешамп да изведе експериментален состав во последниот натпревар од групната фаза против Тунис. Во него селекцијата претрпе пораз од 0-1, но сепак очекувано ја освои групата Д.
Во денешната пресметка, Килијан Мбапе и друштвото се фаворити, но овојпат не можат да си дозволат да го потценат својот противник.
Полска секако не импресионираше со настапите во Катар, но сепак ја постигнаа целта да се пласираат во нокаут фазата на турнирот. Во првиот меч ѕвездата Роберт Левандовски промаши пенал и така „дружина Полска“ мораше да се задоволи со реми без голови против Мексико.
Следуваше натпревар против аутсајдерите Саудиска Арабија, во кој напаѓачот на Барселона сепак постигна гол за победа од 2-0.
Во последниот натпревар од групната фаза на Полјаците, Војчех Шчешни му одбрани пенал на Лионел Меси, откако претходно одбрани еден и против Саудијците, но неговиот тим загуби со 2-0.
На крајот, избраниците на Чеслав Михњевич завршија на второто место во групата Ц со четири бода и со подобра гол-разлика се пласираа пред Мексиканците.
Победникот од оваа осминафинална пресметка ќе се сретне со победникот од дуелот Англија – Сенегал во четвртфинале кое е закажано за 10 декември (сабота) од 20 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
