
Фудбалерот на Наполи, Матео Политано, го продолжи договорот до 30 јуни 2028 година, соопшти денеска италијанскиот клуб.
Политано во 2020 година пристигна од Интер како позајмен играч, по што Наполи го откупи неговиот договор. За клубот од Неапол има одиграно 238 натпревари, постигнал 34 голови и запишал 35 асистенции.
Со Наполи освои две шампионски титули во Серија А и еден Куп на Италија.
Во текот на својата кариера настапуваше и за Рома, Перуџа, Пескара и Сасуоло.
За младите селекции на Италија настапуваше редовно, а за А репрезентацијата дебитираше во 2018 година. Досега има одиграно 16 натпревари и постигнато четири голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-15 славеше победа против Косово во Приштина

Прва лига
Башкими го победи Пелистер во Битола

Евро-фудбал
Политано останува во Неапол до 2028 година
