
Пол Сколс, легенда на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, уште еднаш покажа зошто важи за човек со длабоко разбирање на фудбалот – неговата прогноза за расплетот на сезоната во Лигата на шампионите се покажа речиси совршено точна. Видеото што го направил пред одигрување на четвртфиналните натпревари сега стана вирално, бидејќи ги предвиде двата финалисти: Пари Сен Жермен и Интер. А, има предвидување и кој ќе биде нов европски првак.
They clowned my king Paul Scholes for this 🤧 pic.twitter.com/2jJJZXLooN
— Uncle Sharma 🎙️ (@RSharmzz) May 7, 2025
Сколс, кој важи за еден од најинтелигентните фудбалери на својата генерација, направил само една грешка во прогнозата: сметал дека Реал Мадрид ќе го елиминира Арсенал и ќе се пласира во полуфинале, но на крајот лондонскиот клуб беше тој што продолжи понатаму. Сепак, сите други прогнози му беа точни. Предвиде дека:
Пари Сен Жермен ќе стигне до полуфинале и ќе ја елиминира екипата што ќе дојде од двојката Реал/Арсенал,
Барселона ќе ја совлада Борусија Дортмунд,
Интер ќе биде подобар од Баерн Минхен,
И дека токму Интер ќе го елиминира каталонскиот гигант и ќе стигне до финалето.
Патот на Интер до финалето беше драматичен: реми 3-3 во Барселона, а потоа спектакуларна победа со 4-3 на „Џузепе Меаца“, што го потврди статусот на „нерoаѕурите“ како сериозен кандидат за титулата.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра на 31 мај во Минхен, град со голема фудбалска историја. Сколс не само што ги предвиде финалистите, туку веќе јавно изјави дека верува дека токму Интер ќе го подигне трофејот и ќе стане шампион на Европа за првпат по 2010 година.
Ако неговата прогноза се оствари до крај, Пол Сколс не само што ќе се прослави како еден од најдобрите англиски играчи во историјата, туку и како вистински пророк кога станува збор за најелитното европско фудбалско натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Родриго пред трансфер во Манчестер Сити
