Connect with us

Пол Погба го напушта „Олд Трафорд“ и се враќа во Јувентус

Пол Погба по шест години ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната. Тој како слободен агент заминува од „Театарот на соништата“ со оглед дека не договори ново продолжување на соработката, а тешко дека тоа ќе се случи и до почетокот на летото кога му завршува актуелниот договор.


Француската суперѕвезда веќе одлучи каде ќе игра. Тој се одлучи за клубот во кој го играше својот најдобар фудбал – Јувентус. Иако гигантот од Серија А во моментот финансиски не може да се натпреварува со другите големи европски клубови, сепак, одличниот играч за врска се одлучи за ’старата дама’.

„Тутоспорт“ пишува дека ПСЖ му понудил огромен договор на Погба, но францускиот репрезентативец решил да ги стави парижаните во мирување бидејќи сака исклучиво да игра за Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови